Бугарија е четвртата членка на Европската Унија на која ѝ е одобрено изземање од ембаргото на руската нафта.
Бугарскиот премиер, Кирил Петков, соопшти дека тоа ќе важи до крајот на 2024 година.
Повеќе детали ќе бидат објавени во следните денови – изјави Петков во Брисел.
Тој појасни дека изземањето ќе ѝ овозможи на бугарската рафинерија да го прилагоди работниот процес на друга нафта.
Мило ми е што помина шестиот пакет санкции, зашто ќе запре приливот на финансиски средства за Русија – изјави Петков.
Русија претходно престана да ѝ испорачува гас на Бугарија, откако таа одби да плаќа во рубли за енергенсот.
Членките на ЕУ договорија компромисна забрана за увоз на 90% од руската нафта, а исклучок беше направен за цевководот „Дружба“, преку кој се снабдуваат Унгарија, Чешка и Словачка. Овие три земји беа најгласните противници на ембаргото, бидејќи се најзависни од руската нафта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.