Вработените во белгиската влада повеќе нема да смеат да го користат „Тик Ток“ на своите службени телефони. Дека оваа кинеска апликација се забранува во белгиската влада соопшти премиерот на Белгија, Александер де Кро.
Де Кро појасни дека белгиското Собрание за национална безбедност предупредило на ризиците поврзани со големата количина податоци кои ги собира „Тик Ток“ бидејќи апликацијата е во сопственост на кинеската компанија ByteDance и таа компанија е должна да соработува со кинеските известувачки служби.
Тоа е реалноста и поради тоа е логично да се забрани користењето на „Тик Ток“ на паметните телефони кои ги обезбедува сојузната влада. На прво место е сигурноста на информациите, вели Де Кро.
„Тик Ток“ на ваквата одлука реагираше со соопштение во кое се вели дека е разочаран и дека се базира на фундаментално погрешни информации. Компанијата објави дека корисничките податоци ги складира во САД и во Сингапур и дека гради податочни центри во Европа. Кинеската влада не може да ги присили останатите суверени нации да споделуваат податоци кои се складирани на нивна територија, изјави портпаролот на компанијата.
Европската комисија и Европскиот парламент минатиот месец го забранија „Тик Ток“ на телефоните на вработените поради загриженост дека кинеската влада може да ги собира податоците на корисниците или да ги промовира своите интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.