Британскиот премиер Борис Џонсон не е единствениот светски лидер со кој се сретна денеска Володимир Зеленски – претходно украинскиот претседател разговараше и со австрискиот канцелар Карл Нехамер.
Канцеларот го посети градот Буча, во близина на Киев, каде минатата недела се појавија извештаи за злосторства. Украина соопшти дека повеќе од 300 цивили биле убиени од руските сили во Буча – Москва негира каква било вмешаност.
Зборувајќи потоа, Зеленски рече дека неговата земја е „подготвена за преговори“ со Русија и „бара каков било начин да се запре оваа војна“.
За жал, паралелно ги гледаме подготовките за важни битки, некои луѓе велат решавачки, на исток“, мислејќи на зголемената офанзива на Русија таму.
„Ние сме подготвени да се бориме“, додаде тој, и гледаме „да ставиме крај на оваа војна преку дипломатија“.
На исток и на југ видовме концентрација на оружје, опрема и војници кои се подготвуваат да окупираат друг дел од нашата територија, рече Зеленски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.