Холандија ќе распореди американски систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Литванија, соопшти денеска холандскиот премиер Марк Руте за време на средбата во Вилнус со литванскиот претседател Гитанас Науседа.

„Границите на Литванија се исто така граници на ЕУ и НАТО, што ги прави наши граници и ние ќе ги заштитиме“, додаде Руте.

Литванскиот претседател ја поздрави оваа одлука и ја дефинира како важна фаза во имплементацијата на европскиот модел за противвоздушна одбрана на принципот на ротација во регионот на Балтичкото Море.

Литванското Министерство за одбрана претходно денеска објави дека распоредувањето на системот „Патриот“ ќе трае неколку недели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.