Израелскиот претседател Исак Херцог во интервју за Скај Њуз тврди дека на телото на загинат војник на Хамас е пронајден прирачник за правење хемиско оружје.

Херцог посочи дека упатствата што го носел милитантот на Хамас, на USB-уред се „материјал на Ал Каеда“а во нив има инструкции за тоа како да се користи цијанидот, високотоксична хемикалија.

„Имаме работа со Исламска Држава Ал Каеда и Хамас“, рече Херцог. САД велат дека Израел се согласил да дозволи „континуиран проток“ на помош во Појасот Газа – откако вториот конвој стигна на територијата од Египет.

ОН соопштија дека 14-те камиони што пристигнаа во неделата им дадоа на Палестинците „уште една мала трошка надеж“ – но предупредија дека е потребно ,, многу повеќе“

Хамас го започна својот напад врз Израел на 7 октомври, при што загинаа повеќе од 1.400 луѓе. Официјални лица во Газа велат дека оттогаш повеќе од 4.600 се убиени во Газа .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.