Поранешниот шеф на надворешната и безбедносната политика на ЕУ и поранешен генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, орача дека мировните преговори, колку и да изгледаат тешко, се единствениот излез од украинската криза.
Солана порача дека треба да се направи сериозен обид за решавање на војната со разговори, а не само со оружје.
Тоа е, исто така, единствениот начин да се избегне светски конфликт меѓу нуклеарните сили – предупреди Солана.
Во текст за аналитичката мрежа „Проект синдикејт“, Солана посочува дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да го промени текот на историјата – не ги извојувал очекуваните победи во битките во Украина, но тоа е проблем што ја засега целата меѓународната заедница“.
Санкционирањето на Русија поради потезите на Путин во Украина мора да послужи да го убеди дека единствениот излез за него е преговарачка маса и тоа е единственото решение што може да биде универзално прифатено. Порано или подоцна ќе мора да се преговара, без сомнеж ќе мора да се разговара со Путин – вели поранешниот лидер на ЕУ и НАТО.
Солана истакнува дека „идејата за промена на режимот во Русија исто така не е изводлив начин за решавање на украинскиот конфликт“.
Изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека овој човек (Путин) не може да остане на власт без сомнение беше излетување со зборови. Единственото нешто што можеше да предизвика е да се потврди параноичната идеја на Путин дека единствено што се обидува Западот е дека обидува да го исфрли од Кремљ – додава Солана.
Тој истакнува дека „колку што е неопходна моралната осуда на руските акции во Украина, очекувањето дека тоа ќе доведе до пад на режимот на Путин е обична заблуда и затоа порано или подоцна ќе мора да се преговара со него“.
Она што е во главата на Путин е одраз на убедувањата на елитите на руската надворешна политика, како и на јавното мислење во Русија, а тоа е прекумерно територијално и воено сфаќање на геополитичката моќ. Во средината на дваесет и првиот век, геополитичката положба на земја како Русија не е во функција на проширување на нејзините територии или сфери на влијание – вели поранешниот водечки функционер на ЕУ и НАТО. .
Солана додава дека земја која ужива почит од меѓународната заедница е онаа која тоа го заслужува поради својот економски развој, технолошкиот напредок или вредноста на нејзиниот човечки капитал, „а тоа е она што Кина го сфатила многу подобро од Русија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.