Најмалку 57 луѓе останале затрупани под земја во хаварија во рудник за јаглен во кинеската провинција Внатрешна Монголија.

Најмалку 57 лица се водат за исчезнати, а на местото на несреќата пристигнале повеќе од 200 спасувачи“, објави државната телевизија ЦЦТВ.

Државната агенција Ксинхуа претходно објави дека околу педесетина рудари останале заробени под земја во уривањето на отворениот коп од рудникот за јаглен во Алкса Лига, на запад од провинцијата.

Локалните медиуми објавија дека се извлечени две загинати лица.

Во 17.13 часот (10.13 часот по средноевропско време) од рудникот беа извлечени тројца рудари, од кои двајца не даваа знаци на живот“, пренесоа медиумите.

Во последните децении подобрена е безбедноста во рудниците во Кина, како и известувањето за несреќи, кои претходно беа чувани во тајност. Но, редовно има несреќи, поради самата природа на работата и поради непочитување на безбедносните прописи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.