Загинаа осум лица, меѓу кои и петмесечно бебе, при гранатирање на вториот најголем град во Украина, Харков. Повредени се 17 лица.
Три други лица настрадаа во руските напади на областа Лисичанска, источен град каде, заедно со Северодоњецк, руските сили ја фокусираат агресијата изминатите денови.
Гувернерот на Харков, Олег Шинехубов информираше за загинати двајца мажи на возраст од 64 и од 82 години, а десетина лица се повредени, меѓу кои и деветгодишно девојче, при гранатирање на градот Балаклија.
Украинските власти наведуваат дека руските сили и понатаму се обидуваат да напредуваат во областа Северодоњецк, преостанатиот дел од Луганск, што е под контрола на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.