Хановер е првиот голем германски град кој ја исклучи топлата и премина кон ладната вода за миење раце и туширање во јавни згради.

Ова се случи набргу откако Русија драматично го намали снабдувањето со гас во земјата.

Во обид да заштеди енергија, градот Хановер во северна Германија одлучи дека топла вода повеќе нема да биде достапна за миење раце во јавни згради или под тушеви во базени, спортски сали и теретани.

Се наведува дека на Германците им било кажано да очекуваат сеопфатни мерки за заштеда на гасот и дополнителни трошоци за нивните сметки за енергија поради кризата со рускиот гас.

Се додава дека и јавните чешми за вода се исклучуваат за да се заштеди енергија, а нема да има ноќно осветлување на главните згради, како што се градското собрание и музеите.

Градоначалникот Белит Онај рече дека целта е да се намали потрошувачката на енергија во градот за 15 проценти, што се препорачува во цела ЕУ, како реакција на непосредниот недостиг на гас.

Нагласено е дека правилата важат и за јавните објекти кои секоја година нема да имаат греење од април до крајот на септември, при што собната температура до крајот на годината ќе биде ограничена на максимални 20 степени, со одредени исклучоци.

Се наведува дека Градот забранува и преносни клима уреди, греалки и радијатори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.