Најмалку 50 лица загинаа во израелски напад врз училиштето Ал-Факура во бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа, соопшти официјален претставник на Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас.

Официјалниот претставник додаде дека нападот се случил рано утринава.

Палестинското Министерство за надворешни работи објави дека нападот врз училиштето Ал-Факура докажува дека израелската војна, што им е објавена на цивилите, како што се наведува, има за цел „да го исчисти целиот северен дел на Појасот Газа од Палестинци“, пренесе Ал Џезира.

Токму катарската телевизија претходно објави дека во денешниот израелски напад брз училиштето Ал-Факура загинале околу 200 лица.

Дописникот на оваа медиумска куќа јави дека десетици лица загинале во израелското бомбардирање на училиштето, каде стотици Палестинци се засолниле од борбите и биле принудени да побегнат во училиштата што ги раководат Обединетите нации.

Бегалскиот камп Џабалија со недели е цел на израелски напади бидејќи Израел тврди дека во него се сместени палестински борци.

Во израелски напад врз истото училиште на почетокот на ноември загинаа најмалку 12 лица, а над 50 беа повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.