Военото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, лансирало бараж ракети кон Тел Авив.
Групата соопшти дека акцијата е одговор на „ционистичките масакри врз цивилите“.
Ракетите биле истрелани од локација во северниот дел на Појасот Газа, соопшти Изат ал Ришк, член на политичкото биро на Хамас.
Претходно синоќа израелскиот одбранбен систем „Железна купола“ пресретнал најмалку десетина проектили над центарот на Тел Авив. Тоа беше втор круг закани над градот откако заврши примирјето меѓу Израел и Хамас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.