Палестинската вооружена група Хамас денеска ја потврди смртта на уште еден нејзин командир во Либан.

Саид Аталах Али, еден од лидерите на Бригадите „Изедин ал Касам“ – военото крило на Хамас, е убиен во израелски напад врз бегалскиот камп Бедави, на околу пет километри северно од пристанишниот град Триполи, во Северен Либан, соопшти Хамас.

Либанската новинска агенција ННА објави дека сопругата и двете деца на Али исто така загинале во нападот.

Претходно, либански безбедносни извори информираа дека беспилотно летало погодило стан во палестински бегалски камп во близина на Триполи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.