Палестинското движење Хамас се огласи откако израелските војници убија тројца заложници во Газа, велејќи дека тоа е показател за тоа колку владата во Тел Авив се грижи за своите граѓани.

Портпаролот на Хамас, Абу Обеид изјави дека Израел не се грижи за чувствата на семејствата на затворениците.

„Ционистичкиот непријател се коцка со животите на своите војници заробени од палестинскиот отпор и затоа не се грижи за чувствата на нивните семејства“, рече Абу Обеида.

Тој повтори дека ниту еден затвореник нема да биде ослободен додека не се исполнат условите на Хамас.

„Вчера, ционистичката армија намерно егзекутира тројца од нив и повеќе би сакала да ги убие отколку да ги ослободи. Ова е истото отворено криминално однесување што го практикуваше и продолжува да го прави против своите затвореници во Газа, во очајнички обид да се ослободи од нивниот товар. Ционистичката армија многу добро ги знае нашите услови да ги ослободи, бидејќи никој од нив нема да биде ослободен додека не се исполнат нашите услови“, рече Абу Обеида.

За потсетување, израелските војници вчера убија тројца израелски затвореници откако „по грешка ги сфатија како закана“. Сите тројца беа без кошула, а едно од лицата носеше стап со импровизирано бело знаме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.