Договорот меѓу Израел и Хамас ги постави основите за ослободување на најмалку 50 жени и деца заробени во Газа во замена за ослободување на најмалку 150 палестински жени и деца кои се наоѓаат во израелските затвори.

Досега Хамас ослободи 40 израелски заложници – 13 во петокот и саботата, а 14 во неделата. Некои од нив имаат двојно државјанство. Ослободени се 21 дете на возраст од 18 години и помлади и 11 возрасни жени. Седум жени биле на возраст од 65 или повеќе години. Рони Кривој, маж со израелско и руско државјанство, беше ослободен надвор од договорот меѓу Израел и Хамас.

Ослободени се 18 странски државјани, од кои 17 тајландски и еден филипински државјанин. Ослободените 18 странски државјани од Газа беа ослободени како дел од одделни преговори и не се вклучени во договорот Израел-Хамас.

Израел, пак, ослободи 117 жени и деца: 39 во петок, 39 во сабота и 39 во недела. Ослободени се 28 возрасни жени, две тинејџерки и 87 деца помлади од 18 години.

Од сите палестински затвореници кои се ослободени, 41 биле осудени, а 76 биле во административен притвор, што значи дека тие биле држени без да има обвинение против нив и не биле вклучени во правниот процес на гонење или судење.

Министерство за надворешни работи на Катар денеска соопшти дека четиридневното примирје во Појасот Газа е продолжено за уште два дена.

Постигнат е договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа“, се наведува во објавата на социјалната мрежа Х.

Соопштението доаѓа само неколку часа пред завршувањето на примирјето во војната во Газа, што е на сила од петокот наутро. Оригиналниот договор меѓу Израел и Хамас предвидуваше дека примирјето ќе трае четири дена се додека Хамас ослободува најмалку 10 израелски заложници на ден.

Палестинската милитантна група Хамас потврди дека се согласила на договорот постигнат со посредство на Египет и Катар.

Постигнат е договор со браќата во Катар и Египет за продолжување на привременото хуманитарно примирје за уште два дена, под истите услови“, изјави претставник на Хамас во телефонски разговор за британските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.