Група хакери со години шпионирале вработени во амбасадите на четири земји во Белорусија, вклучително и за време на војната во Украина, објавија истражувачите од словачката компанија за кибер безбедност ESET.

Цел на нападот биле околу 15 уреди во сопственост на дипломати од две земји во Европа, една од Јужна Азија и една од Африка, а кои работеле во амбасади, изјави истражувачот на ЕСЕТ, кој е автор на извештајот. Кампањата за дигитална шпионажа започнала во 2021 година и се уште е активна, се вели во извештајот.

Засега не е јасно колку вработени се жртви на таа кампања. Но, истрагата, која открива нов и софистициран хакерски тим кој наводно работи надвор од Белорусија, илустрира колку дипломатите можат да бидат ранливи на кибер шпионажа.

Во извештајот се вели дека хакерите манипулирале со податоците на нивните жртви „веројатно“ на ниво на интернет услуга. Ова значи дека тие би можеле да бидат измамени да преземаат малициозен софтвер без да го знаат тоа.

Белоруската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето на западни медиуми за коментар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.