Сајбер-криминалната група „Ransom House“ минатата недела хакирала клиника во Барселона и сега бара 4,5 милиони долари за да не се објавуваат украдени податоци за пациентите.
Владините претставници соопштија дека немаат намера да се согласат со барањата на хакерите, што ја натера каталонската полиција – Мосос да предупреди дека постои голема веројатност податоците за пациентите да бидат објавени, пишува шпанска „Лавангардија“.
Од Мосос наведуваат дека ќе се обидат да спречат ширење информации на „темната мрежа“ (dark web), но признаваат дека ќе биде тешко.
Поради заканата, клиниката откажала повеќе од 4.000 тестирања на амбулантските пациенти, повеќе од 300 операции и повеќе од 11.000 амбулантски посети, додека околните болници го презеле лекувањето со радиотерапија на пациентите со карцином во прв стадиум.
Во клиниката и натаму се се прави рачно поради нападот и оттаму се надеваат дека до понеделник или вторник ќе се воспостави нормално функционирање.
Во меѓувреме, повеќе од 200 компјутери за вонредни ситуации се инсталирани за да се обезбеди пристап до клиничката документација на пациентите, а 15 отсто од дигиталните системи се обновени.
Во Каталонија минатата година се случиле 600 софтверски напади, главно мали сајбер-измами, што претставува само еден процент од сајбер криминалот.
Според полицискиот вештак, истрагата за овој вид криминал ја отежнува и фактот дека се случува од странство, а шансите да се фатат криминалците се мали.
Ако мораме да одиме на другата страна на светот да ги бараме овие господа, ќе го направиме тоа. Комплицирана работа е што тие поминуваат од земја во земја кога ќе ги лоцираме“, изјави шефот на каталонската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.