Во текот на ноќта украинската армија презеде офанзивни операции надвор од Киев, уништувајќи значителен број непријателска воена опрема и сила, изјави советникот на украинскиот претседател за внатрешни работи, Вадим Денисенко.
Додека украинската Служба за вонредни ситуации објави дека утрово во Киев се слушнале неколку експлозии, а во гранатирањето биле оштетени две станбени згради.
Станбена зграда од 12 ката во близина на центарот на Киев беше погодена од руско гранатирање рано утринава, предизвикувајќи пожар на неколку ката. Зградата во областа Шевченковски се наоѓа на само неколку километри од центарот Киев. Според првичните информации две лица се повредени, а 37 се евакуирани од зградата.
Во нападот е оштетена и соседната деветкатница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.