Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно ја отфрли можноста за воена интервенција на НАТО во Украина.

Западот се уште се надева на ефикасност на санкциите против Русија, изјави Шолц на собирот организиран од дневниот весник „Велт“ во Берлин.

Нема да воспоставиме зони за забранети летови над Украина. Тоа би довело до директен воен судир со Русија и руските авиони, објасни германскиот канцелар.

Шолц рече дека се согласува со американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон и другите сојузници дека не треба да има воен конфликт меѓу НАТО и Русија.

Никој не може да го сака тоа – потенцираше Шолц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.