Њујорк стана првиот поголем град во Америка кој ги прогласи социјалните мрежи за „опасност за јавното здравје“, соопшти градоначалникот Ерик Адамс.

– Препознавајќи ги опасностите што социјалните медиуми ги претставуваат за младите луѓе и нивното ментално здравје, комесарот за здравство и ментална хигиена на градот Њујорк, д-р Ашвин Васан издаде совет од здравствениот комесар во кој го идентификува неограничениот пристап до социјалните мрежи и нивното користење како опасност по јавното здравје, исто како што претходно беше направено со тутунот и огненото оружје, рече Адамс во своето годишно обраќање.

Тој ги повика компаниите кои се сопственици на социјални мрежи „да не поттикнуваат криза на менталното здравје“, особено кај младите.

– Социјалните мрежи како ТикТок, ЈуТјуб и Фејсбук ја поттикнуваат кризата со менталното здравје со дизајнирање на нивните платформи со заразни и опасни карактеристики, рече Адамс. Тој нагласи дека не може да дозволи „да стои на страна и да дозволи големите технолошки компании да заработуваат од приватноста на децата и да го загрозат нивното ментално здравје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.