Една 14-катница во Валенсија е зафатена во огромен пожар и пожарникарите во моментов се борат со него за да ги спасат луѓето заробени во становите. Две лица се обиделе да побегнат преку балкон, а пламенот бил толку силен што зафатил уште една зграда во комплексот и се проширил.

Пожарникарите успеале да спасат татко и ќерка кои биле на балкон за да го избегнат пожарот.

Тие се обидуваат да користат кран за пристап до балконите, а планирано е да се постави полска болница за повредните.

Шпанските медиуми потврдија дека има неколку повредени пожарникари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.