Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска се сретна со сопругата и ќерката на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија и Дарија Навални, јави денеска Си-Ен-Ен.

Белата куќа објави дека Бајден „го изразил своето восхитување за исклучителната храброст на Алексеј Навални и неговото наследство во борбата против корупцијата кон слободна и демократска Русија во која владеењето на правото ќе се применува подеднакво за сите“.

Тој оцени дека наследството на Навални ќе продолжи да живее преку луѓето ширум Русија и светот кои ќе жалат за неговата загуба и ќе се борат за слобода, демократија и човекови права.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.