Европската Kомисија (EK) и нејзинaта шефица, Урсула фон дер Лајен се најдоа под силен притисок за случај е отворен пред, речиси, една година. Правобранителката на Европската Унија (ЕУ), Емили О’Рајли во петокот објави извештај за наводно недостапни телефонски СМС пораки меѓу Фон дер Лајен и Алберт Бурл, шеф на американската фармацевтска компанија „Фајзер“.

Ирската омбудсманка остро го критикуваше однесувањето на Комисијата и ја повикува „сериозно да ги бара овие пораки“ и да ги достави до медиумите, односно до европските парламентарци кои побарале увид во нивната содржина, пишува „Дојче веле“.

Сè започна со написот на „Њујорк Тајмс“ од април минатата година, во кој се наведува дека Фон дер Лајен и Бурла цел месец разменувале СМС пораки. Ова го потврди и самиот шеф на „Фајзер“. Унијата потоа склучи „договор“ за набавка на неколку милијарди дози од вакцината на „Фајзер“, а јавноста остана покуса за точната договорена цена, иако медиумите шпекулираат со сума од околу 35 милијарди евра.

Набргу по објавување на написот во „Њујорк тајмс“, новинари се обратија до ЕК со барање за разгледување на пораките, пришто се повикуваа на Законот за слобода на информации во ЕУ. Сепак, Комисијата го одби нивното барање, повикувајќи се, пак, на нејзините интерни правила.

Слично официјално барање од Европскиот парламент мина и во ноември. Имено, пратеничката од Холандија Софи ин ‘т Велд сакала да дознае дали споменатите пораки се избришани и ако е така, врз основа на кои критериуми е тоа направено.

Сепак, потпретседателката на Европската комисија, Вера Јоурова во својот одговор не се ни осврна на нејзиното прашање. Во писмениот одговор се наведува дека СМС и другите кратки пораки имаат „краткотрајна природа и во принцип не содржат важни информации за политиките, активностите или одлуките на Комисијата“ и затоа во принцип не се архивирани.

Портпаролката на Комисијата, исто така, одби да одговори на прашање од „Шпигел“ во ноември за тоа каде се тие телефонски пораки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.