И покрај тоа што е членка на НАТО, Турција одлучи да не ги прекинува врските со Русија поради конфликтот во Украина, а наместо тоа, ја продолжи, па и ја продлабочи економската соработка и билатералната трговија.
Испораките на руска сурова нафта од типот Урал во Турција скокнале на рекордни 400.000 барели дневно во ноември 2023 година, што претставува околу 14 отсто од вкупниот извоз на нафта на Русија минатиот месец, покажуваат податоците.
Со зголемување на увозот на руска, наместо нафта од други производители, турските компании би можеле да заштедат околу 2 милијарди долари на сметки за енергија во 2023 година, според податоците на лондонската берза и проценките на трговците, со што ќе се подобри економската ситуација на земјата која долго време се бори со инфлацијата.
Ваквата политика на Турција и заинтересираните страни наиде на негодување во официјален Вашингтон, од каде веќе подолго време ја критикуваат Анкара, но засега нема конкретен одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.