Хамас објави видео снимка во која три израелски жени држени како заложници од групата во Појасот Газа го осудуваат премиерот Бенјамин Нетанјаху, повикувајќи го да обезбеди нивно ослободување. Жените го обвинуваат израелскиот премиер дека не го спречил нападот на терористичката група на 7 октомври.
Идентитетот на трите жени се уште не е познат.
Додека ИДФ ја интензивира својата операција во Појасот Газа, се смета дека Хамас користи различни психолошки манипулации за да сее поделеност и да ја ослабне решителноста на Израелците, додека ги користи преговорите за ослободување на околу 240 заробеници што ги држи за да купи време и ресурси за нејзината воена кампања, пишува Тајмс оф Израел.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, ја критикува „суровата психолошка пропаганда“ на Хамас во објавувањето на видеото и ја обвинува групата за воени злосторства.
Нашето срце е со вас и со сите други заложници. Правиме се што можеме за да ги вратиме сите киднапирани и исчезнати дома, вели Нетанјаху обраќајќи им се на трите жени од видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.