Украинскиот претседател Володимир Зеленски го проколна рускиот лидер Владимир Путин за време на гостувањето во американската телевизиска програма NBC News.

На неговото вклучување во утринската програма, Зеленски рече дека Украинците не се подготвени да му ја дадат својата слобода на „е*ениот терорист“ Путин.

– Сакам да ве прашам нешто пред крајот на разговорот. Што ти дава сила? Зарем не се чувствувате поразени – го праша водителката Зеленски.

 Имам многу сила, сепак, дури и да се чувствуваме силни и да имаме многу енергија, тоа не значи дека сакаме да се бориме цел живот. Цената е висока и војната го зема најдоброто од нас. Но, ние не сме подготвени да му дадеме слобода на е*аниот терорист Путин. Затоа се бориме – рече претседателот на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.