Надзорни камерите снимиле грабеж на златара во Беверли Хилс, изведен со молскавична брзина, при што од продавницата бил одземен накит вреден милиони долари.

Властите соопштија дека петмина разбојници пристигнале со украден автомобил, но го оставиле, бегајќи со друго непознато возило.

На снимката се гледа групата која со чекан го скршиле излогот на продавницата, по што влегле внатре. Некои од крадците носеле дуксери и тренерки, додека неколкумина носеле хируршки маски.

Сопственикот на продавницата, Питер Седи, тврди дека украдениот накит се проценува на 3-5 милиони долари, а само едно ланче вреди речиси 500.000 долари.

Весли Афрамијан, кој е сопственик на маалски бизнис во близина, изјавил дека се обидел да спречи еден од осомничените пред да побегне.

Гледам надвор, гледам, има пет момци со чекани, секири, чекани, удираат по прозорецот. И знаете, ние сме златари, тие се златари. Ние сме добри пријатели со нив. Тие се многу добри луѓе. Само реагирав и се обидов да ги спречам – вели Афрамијан.

Тој додава дека успеал да клоцне еден од разбојниците и дека успеал да грабне дел од часовниците што сакале да ги украдат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.