Шефот на рускиот преговарачки тим со Украина, Владимир Медински, изјави дека Русија сака постигнување „сеопфатен договор“ со Украина, во кој, освен неутралниот статус на Украина и безбедносните гаранции, ќе биде вклучени и точки кои се од витално значење за Руската Федерација.

Малку е веројатно постигнување договор со Киев без демилитаризација, денацификација, признавање на Крим и Донбас – изјави Медински.

Тој вели дека руската страна инсистира и на уште некои точки, без кои, исто така, е малку веројатно постигнување на договор.

Медински посочи, дека и двете страни во преговорите се повеќе се приближуваат во разбирањето околу помалку важните прашања, но додаде дека е постигнат само ограничен напредок за клучните прашања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.