Гинеколог направил најмалку 21 дете користејќи сопствена сперма, открила истрагата во холандската болница, каде осомничениот Јос Бик лекувал неплодност од 1973 до 1998 година. Пациентите на Бик очекувале дека ќе бидат оплодени со примероци од анонимни донатори, но болницата Елизабет во Лејдердорп сега соопшти се верува дека докторот ги лажел.

Скандалот избувна откако организацијата која што ги следи биолошките родители на бебињата родени со помош анонимни донатори, открила совпаѓање помеѓу ДНК примероците на Бик и на 21 дете чии мајки биле лекувани во неговата клиника помеѓу 1973 и 1986 година.

Докторот почина во 2019 година.

Питер Џу, член на одборот на болницата, рече дека не може да ја исклучи можноста Бик е биолошки татко и на многу други деца чии мајки ги лекувал.

Многу сме шокирани од оваа вест. Ова секако има значајно влијание врз инволвираните родители и деца. Веднаш започнавме разговори со децата и родителите кои тоа го сакаа, ги послушавме и понудивме соработка. Сакаме да направиме се што е во наша моќ за да ги добиеме сите информации. Начинот на кој докторот постапил во тоа време е целосно неприфатлив, изјави Џу.

Страшен е фактот што Бик е третиот лекар за плодност во Холандија за кој е откриено дека користел сопствена сперма за време на лекувањето на неплодност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.