На социјалните мрежи се појави видео од руски напаѓачки авион Сухој Су-24М, кој припаѓа на Црноморската морнарица во времето кога борбено делувал исфрлајќи авиобомби на скриени украински цели.

Не е објавено кога е направена снимката, односно дали е од неодамна или од почетокот на војната. Наводно е снимено некаде во близина на градот Николаев на југот на Украина.

Како што посочуваат воздухопловните експерти, гореспоменатиот СУ-24М припаѓа на 43-та независна поморска авијациска ескадрила од базата Саки на полуостровот Крим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.