Шефот на германската контраразузнавачка служба, Томас Халденванг, предупреди дека Кина ги проширува своите шпионски активности против Берлин.

Кина развива широки активности за шпионажа и влијание. Мораме да бидеме подготвени дека тие ќе се зголемат во наредните години, изјави Халденванг во интервју за „Велт ам Зонтаг“.

Халденванг, кој е шеф на германската Канцеларија за заштита на уставот (СЗК), предупреди дека економската зависност од Кина може да се искористи за да биде извршено политичко влијание.

Кина следи долгорочна стратегија за да ги постигне своите цели. Политичкото раководство веќе ја користи својата економска моќ, која е и резултат на интензивните односи со германската и европската економија, за да ги реализира политичките цели, вели Халденванг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.