Синдикатот на работниците во железницата и транспортот Е Фау Ге (ЕВГ) за в петок најави национален штрајк, а меѓу погодените превозници е и националниот железнички оператор Дојче Бан, јави ДПА.
Штрајкот ќе opфати 50 компании и ќе трае од 03:00 часот по локално време до 11 часот, соопшти германската синдикална организација. Патниците треба да бидат подготвени за одложувања и откажувања на патувањата. Високата инфлација во Германија предизвика бран штрајкови во последниве месеци, бидејќи работниците бараат повисоки плати за да ги надоместат зголемените трошоци за живот.
Синдикатот E Fau Ge, кој преговара во име на 230.000 луѓе, има за цел зголемување на платите за 12 отсто, или најмалку дополнителни 650 евра од нивните месечни плати. Државната „Дојче бан“ понуди зголемување на платите за 5 отсто на своите вработени и еднократна исплата до 2.500 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.