Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах, истакна дека очекува ситуацијата со корона вирусот во земјата да се олесни во текот на летото,  но не толку како минатата година поради распространетоста на варијантата Омикрон.

Сезонски, пандемијата ќе опаѓа – порача Лаутербах на конференција во Баварија.

Тој предвидува мал број случаи, но не толку низок како минатата година, кога летото беше „речиси без корона вирус“.

Варијантата Омикрон е премногу заразна за да имаме такво нешто. Летото мора да се искористи за подготвки за есента, кога се очекува нов бран случаи – вели германскиот министер за здравство.

Лаутербах проценува дека сега има веројатно двојно повеќе случаи на корона вирус отколку што се официјално пријавени.

Тој, исто така, укажа на постоењето на нови варијанти на вирусот, вклучително и подваријанта што циркулира во САД, која се шири многу побрзо од онаа што преовладува во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.