Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е позитивен на тестот за коронавирусот, а неговата Влада соопшти дека поради тоа е откажана посетата на словачкиот премиер Роберт Фицо.

Шолц на социјалната платформа „Икс“ напиша дека има благи симптоми на инфекција со вирусот. Неговиот портпарол изјави дека канцеларот ќе работи во неговата канцеларија и ќе комуницира телефонски или онлајн.

Словачкиот премиер утре во Берлин требаше да се сретне со Шолц. Засега нема информации дали Шолц ќе може да ја води владината седница во среда.

Шолц, кој има 65 години, оваа година прими бустер доза од вакцината против коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.