Германскиот канцелар Олаф Шолц е мета на истражните органи поради аферата што се случила додека тој бил градоначалник на Хамбург.
На 19 август Шолц ќе треба да сведочи пред истражниот комитет во Хамбург.
Германскиот канцелар е обвинет дека и помогнал на „Варбур банка“ да задржи 47 милиони евра, побарувања на даночните власти, за време на неговиот мандат како градоначалник на Хамбург.
Обвинителството наредило да се претресат неговите мејлови кои ги добивал и ги испраќал преку неговата службена електронска адреса.
Пребарувањето на дигиталната пошта беше спроведено уште во март, а дури сега е објавена оваа информација, пишуваат германските медиуми.
Истражните органи ги пребарале сите мејлови од 1 јануари 2015 година, како дел од истрагата за таканаречената афера „Кум екс“, пишува весникот „Хамбургер абендблат“, ова доаѓа од документи кои биле проследени до истражниот комитет.
Поточно, се истражува колку политиката имала влијание врз спорните одлуки за скандалот „Кум-екс“.
Во ноември 2016 година била донесена одлука да се откаже од барањето за ретроактивна наплата на данок во износ од 47 милиони евра до Хамбуршката „Варбург банка“.
Во истражните документи стои дека Шолц имал средба со шефот на таа банка, пренесуваат медиумите.
Истрагата првенствено е насочена против долгогодишниот пратеник на СПД, Јоханес Карс, кој е осомничен за проневера и помагање во затајување данок.
Портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт изјави дека не знаел дека дигиталната пошта на Шолц била предмет на истрага.
Од 2001 до 2016 година банкари, адвокати и инвеститори ја измамуваа државата со даночни трикови за милијарди евра.
Така на незаконски начин побарале двојно плаќање на даноците кои ги платиле само еднаш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.