Елитни воени единици на НАТО се наоѓаат во Украина во борбата против руската армија, тврди германскиот магазин „Фокус“.

Специјалци од Велика Британија и САД ги обучуваат украинските војници, меѓу другото, за употреба на современи противтенковски оружја. Тие вршат обука и за вршење саботажи, а со украинските војници вежбаат и партизански борбени техники.

Британците се најбројни во тимот за обука на Украинците со повеќе од 100 елитни војници на специјалната единица САС. Дел од тие војници се кријат во Украина од 2014 година, пишува весникот.

Тие обучуваат припадници на професионална украинска армија и доброволци. Во Украина се и членови на британската поморска специјална единица СБС, како и специјални извидници на единицата СРР.

И САД испратиле свои специјални сили во Украина. Зелените беретки тренираат Украинци во урбана борба, а „Нејви Силс“ тренираат украински војници на стар полигон на западот од земјата.

Европската команда во Штутгарт е задолжена за координирање на активностите на американските специјални сили.

Исто така, британските и американските елитни војници имаат една посебна задача, за која се задолжени единиците стационирани во Литванија, а тоа е да го евакуираат украинскиот претседател Володимир Зеленски доколку тоа е потребно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.