Полска испратила во Украина стари советски тенкови Т-72 во доволен број за да бидат формирани две бригади, што значи над 200 тенкови, објави државната информативна агенција на полското радио.

Полска испрати значителен број тенкови во Украина – потврди шефот на полското биро за национална безбедност, Павел Солох, за приватната телевизија „Полсат“, но одби да ја потврди конкретната бројка.

Полска има околу 400 тенкови Т-72, ​​а само дел е одвоен за ремонт и модернизација, додека оние надвор од таа програма се испратени во Украина.

Освен тенковите, Полска во Украина испрати и неколку десетици борбени пешадиски возила, самоодни хаубици и ракетни фрлачи „Град“, како и ракети воздух-воздух за авионите МИГ-29 и Су-27 што ги користи украинската армија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.