Меѓу земјите на НАТО постојат неформални договори за одбивање на испорака на одредени видови оружје на Украина, пишува весникот „Цајт“, повикувајќи се на информации на германската новинска агенција (ДПА).
Според таквите информации, земјите од НАТО одбиваат да и испорачаат Украина борбени тенкови и авиони, за Русија да не смета дека залихите „влегуваат во војна“. На тој начин НАТО се обидува да избегне директна воена конфронтација со Русија, пренесува „Цајт“.
Извор од германскиот парламент потврдил дека слушнале за овој неформален договор. Во исто време, пратениците ја критикуваа владата на земјата што не го спомнала ова прашање за време на дебатата за испорака на тешко оружје во Бундестагот.
Германската федерална влада јавно вети дека ќе и достави на Украина два вида тешко оружје: противвоздушни тенкови „Гепард“ и „Панцерхаубицен 2000“ (тешка артилерија). Меѓутоа, Украина бара од Германија да испорача и борбени тенкови и оклопни транспортери.
Бундесверот е вооружен со борбени тенкови од типот „Леопард“ и оклопни транспортери од типот „Мардер“. Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ понуди да испорача искористени примероци од двата модели во Украина, но официјална владина одлука сè уште не е донесена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.