Германски медиуми денеска остро го критикуваат австрискиот канцелар Карл Нехамер, затоа што ја посети Москва и разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.
Главниот заклучок на медиумите е дека подобро би било, да не тргнеше за Москва.
Малата Австрија сака да се претставува како градител на мостови и дипломатски великан на концерт на големите. Што и да го навело канцеларот Нехамер да замине во невозможна мисија во Москва, сигурно има врска со погледот на Австрија за себе, пишува „Зидојче цајтунг“.
„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ укажува на тоа дека, за верување е, тоа што канцеларот Нехамер спонтано донел одлука за патување во Москва, бидејќи тој е „склон кон импулсивни изведби“.
„Велт“ се повикува на австриската поговорка „иако не користи, не штети“ и истакнува дека таа најдобро го опишува патувањето на Нехамер во Москва.
Исходот од разговорот на Нехамер со Путин, е, практично, нула. Но, повеќе не можеше ни да се очекува. Русија во минатото не покажуваше подготвеност за разговори. Австрија ги негува добрите контакти со Москва, но, нема политичка и економска сила, што би било потребно за да се убеди Москва да го промени курсот, оценува „Хамбургер Абдендблат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.