Група германски јавни личности го повикале канцеларот Олаф Шолц да ја прекине испораката на оружје за Украина, објави „Берлинер цајтунг“.
Отворено писмо до германскиот Канцелар напишале 20-ина научници, политичари и културни работници од земјата, меѓу кои е и поранешната потпретседателка на Бундестагот, Антје Волмер.
Со снабдувањето со оружје, Германија и другите земји од НАТО, де факто станаа страна во конфликтот. Така, Украина стана бојно поле за конфликтот меѓу НАТО и Русија околу безбедносниот поредок во Европа – се наведува во писмото.
Авторите на писмото велат дека и покрај „извештаите за успехот на украинската армија“, таа е „многу инфериорна во однос на руската“, но дека испораките на оружје ја поттикнуваат Украина да продолжува да се бори и да ги игнорира мировните разговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.