Полицијата во Хамбург попладнево застрела човек вооружен со секира и молотов коктел во близина на фан зоната во Сент Паули, но овој инцидент не е поврзан со Европското фудбалско првенство во Германија.
Полицијата го застрелала мажот во ногата, по што тој бил онеспособен и пренесен во болница.
Германските медиуми објавија дека мажот излегол од кафеана, а во рацете имал секира, како и молотов коктел.
Напаѓачот е ранет и укажана му е лекарска помош“, соопштија од полицијата.
Инцидентот се случил недалеку од областа низ која минувала армијата од околу 40.000 холандски навивачи, пред дуелот со Полска.
Инцидентот се случил откако навивачите поминале, а според нашите сознанија не е поврзан со фудбалот“, додаваат од локалната полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.