Германската економија до 2030 година ќе изгуби повеќе од 260 милијарди евра додадена вредност, последица на војната во Украина и високите цени на енергијата, што последователно негативно ќе се одрази и врз пазарот на труд.
Студијата на Институтот за истражување на вработувањето покажува дека германскиот бруто домашен производ следната година ќе биде помал за 1,7 отсто, а ќе се вработат околу 240 илјади луѓе помалку отколку во ситуација кога би бил мир во Европа.
Вработеноста се очекува да остане на сегашното ниво до 2026 година, кога се очекува мерките за економски стимулирања да почнат да ги надминуваат негативните ефекти и да доведат до зголемување на бројот на вработени, и тоа за приближно 60 илјади во 2030 година.
Како еден од најголемите загубари е посочено угостителството, дејноста што веќе беше тешко погодена од пандемијата на коронавирусот, а сега веројатно ќе го почувствува и падот на куповната моќ на потрошувачите.
Последиците ќе бидат впечатливи и во енергетски интензивните сектори како што се хемиската индустрија и металургијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.