Германскиот министер за труд, Хубертус Хајл, порача дека оние кои ќе одбијат работа во Германија повеќе нема да добиваат помош во форма на граѓански надомест. Според неговиот план, на сите оние кои целосно ќе одбијат да работат ќе им бидат укинати бенефициите до два месеци.

Сепак, државата ќе продолжи да им го плаќа станот за да го спречи бездомништвото, информира „Феникс Магазин“.

Планираната уредба за е насочена кон оние кои неразумно и произволно одбиваат да прифатат разумна работа што им е понудена. Регулативата ќе биде во согласност со пресудата на Сојузниот уставен суд за финансиски санкции против граѓаните“, се наведува во соопштението од Министерството.

Се укинува и граѓанскиот додаток, но останува основната идеја за подобро вклучување на луѓето на пазарот на труд преку обука.

Надоместокот за обука и додатокот за дополнителна обука ќе продолжи да се плаќа на учесниците на курсевите за стручна обука. Секој кој почнал подобна мерка ќе го добие бонусот додека не ја напушти или заврши мерката.

Германската федерална влада сака да го одобри ова ново правило до 2 јануари, а потоа треба да се примени што е можно поскоро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.