Германскиот Парламент одобри делумна легализација на канабисот за лична употреба од 1 април.
Бундесратот (Горниот дом на Парламентот) на седница го усвои предлог-законот за делумна легализација на канабисот, откако минатиот месец беше изгласан во Бундестагот (Долниот дом).
Новиот закон дозволува возрасните лица да можат да поседуваат до 25 грама канабис за лична употреба на јавни места, да можат да одгледуваат до три стебла канабис дома и да поседуваат до 50 грама канабис за лична употреба таму.
Пушењето марихуана на јавни места ќе биде забрането во училиштата, спортските објекти и на 100 метри од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.