Германскиот министер за економија, Роберт Хабек се пожали на „астрономските“ цени што ги бараат „пријателски“ земји, првенствено САД, за испорака на гас, што е замена за рускиот гас.

Некои земји, дури и пријателски, бараат астрономски цени – посочи Хабек во интервју за дневен весник „Ноје оснабрикер цајтунг“.

Тој pora;a дека „тоа е проблем“ и побара од Европска комисија да „разговара“ со тие држави.

По почетокот на руската воена операција во Украина, Русија прво значително го намали снабдувањето со гас за Германија, а на почетокот на септември го прекина. Пред конфликтот, Германија 55 отсто од гасот го увезуваше од Русија.

За да ја гарантира својата енергетска сигурност и да ја спаси индустријата, која е голем потрошувач на гас, официјален Берлин мораше да ги диверзифицира своите извори на снабдување и значително да го зголеми купувањето на течен природен гас (ЛНГ), што е многу поевтин за увоз.

Германија, како и речиси цела Европа се сврте кон САД, а европскиот увоз на ЛНГ, што во 2021 година изнесуваше 28 проценти годинава изнесува 45 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.