Германија дозволила размена на ракети со долг дострел со Велика Британија за понатамошно нивно пренесување во Украина, пишува германски „Шпигел

Според пишувањето, германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок е отворена за предлогот на нејзиниот британски колега Дејвид Камерон да и обезбеди на Украина ракети „Сторм шедоу“ како резултат на кружна размена, во која Лондон ќе ги прими германските ракети „Таурус“, а Киев британските ракети.

Како што велат новинарите, Бербока се согласува со оваа идеја и за неа смета дека „тоа би била можна опција“. Германија веќе прибегна кон слична размена со тенкови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.