Илјадници земјоделци во Германија и денеска ќе ги блокираат главните патишта со трактори и ќе стојат пред клучните владини институции.
Поради масовноста, државните служби изразуваат загриженост и овој протест го нарекуваат најголем во повоената историја. Се стравува дека речиси ниту еден дел од државата нема да функционира нормално.
Како што пренесуваат германските медиуми, блокирани се влезовите улиците и сообраќајот е парализиран.
„Билд“ оценува дека денеска не би требало да има големи блокади во сообраќајот, туку дека тоа може да се промени веќе од утре.
Тогаш, според најавата на синдикатот на германските машиновозачи ГДЛ, треба да започне тридневен штрајк на железницата, кој се очекува да трае до петок.
Земјоделците во Германија вчера ги започнаа протестите со 100.000 трактори против укинувањето на земјоделските субвенции за дизелот.
Претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер истакна дека протестите на земјоделците се „силен демократски сигнал“.
Земјоделците ги гледам како граѓани кои стануваат и демонстрираат за своите интереси. Ова е силен знак за граѓанска ангажираност“, рече заменик-претседателот на ЦСУ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.