Комисијата за одбрана на германскиот Бундестаг одобри два клучни воени проекти за зајакнување на одбранбениот капацитет на земјата, јави ДПА.

Комисијата за одбрана постигна меѓупартиска согласност за купување на израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Ероу 3“, кој е опремен со ракети со долг дострел. Освен тоа, донесена е одлука за набавка на германски систем за противвоздушна одбрана „Ајрис-Т“ со ракети со краток дострел.

За таа цел ќе бидат издвоени 100 милиони евра од специјалниот фонд што лани го најави канцеларот Олаф Шолц за поддршка на Украина.

Германија планира системот Ероу 3“ да стане дел од европскиот систем за противвоздушна одбрана. Тој може да пресретнува ракети на височина до 100 километри.

Системите Ајрис-Т“ се успешно користени во Украина, наведува ДПА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.