Три европски земји не сакаат гасот да го плаќаат во рубли.
Станува збор за Германија, Франција и Велика Британија. Најавата на рускиот претседател Владимир Путин е дека од утре, „непријателските земји“ ќе треба да отворат сметки во руската банка „Гаспром“ и да плаќаат во рубли за испораката на гас.
Германија, земјата која е најголем увезувач на руски гас во ЕУ, одговори дека нема да дозволат Путин да ги уценува.
И францускиот министер за економија, Бруно ле Мер, по разговорот со Хебек, порача дека и Франција и Германија се подготвуваат за намалување на увозот на руски гас.
Велика Британија исто така не сака да плаќа во руска валута.
Путин кажа дека секоја земја што ќе одбие да го користи механизмот за плаќање ќе ги прекрши нивните договори и ќе се соочи со „соодветни реперкусии“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.