Официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал, Игор Конашенков, соопшти дека руските воздухопловни сили елиминирале „до 500 украински милитанти“ во областа Харков.

Со ракети со висока прецизност на руските воздухопловни сили елиминирани се до 500 припадници на украинската армија, припадници на 92. механизирана бригада. Уништено е и големо количество воена опрема во населбите Мерефа и Чугуев во областа Харков – изјави генерал Конашенков.

Претходно, рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека руските сили уништиле шест американски ракетни системи ХИМАРС од почетокот на војната во Украина.

Шојгу изјави и дека руската војска уништила пет фрлачи на противбродски ракетен систем Харпун, како и 33 американски хаубици М777.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.