Во периодот од 21 до 28 јуни годинава ќе биде прекината испораката на гас преку Турски тек поради редовно одржување на гасоводот, соопшти денеска Газпром.
Суспендирањето на транспортот на гас е навремено договорено со сите заинтересирани страни, објави Гаспром на Телеграм, пренесе Спутник.
Проектниот капацитет на рускиот извозен гасовод Турски тек е 31,5 милијарди кубни метри гас годишно, а е наменет за испорака на гас во Турција и земјите од јужна и југоисточна Европа.
Според Гаспром, транспортот на гас преку двата крака на гасоводот Турски тек ќе биде привремено прекинат во периодот од 21 до 28 јуни 2022 година, поради планираното превентивно одржување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.